Ескалираат тензиите меѓу Киев и Москва
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека рускиот воздушен простор „де факто ќе биде затворен“ поради зголемениот ризик од украински дронови. Ги повика авиокомпаниите и осигурителните компании да го земат предвид ризикот.
Володимир Зеленски – претседател на Украина
„Украина не ја загрозува цивилната авијација, но превозниците што летаат до Москва, Санкт Петербург или други големи центри мора да го земат предвид ризикот од беспилотни летала. Руското небо де факто ќе биде затворено“.
Рускиот претседател Владимир Путин ја оцени изјавата на украинскиот лидер Зеленски како директна најава за државен тероризам и се закани со остар воен одговор. Рече дека Украина претходно најавила удари врз руската економија и предупреди дека Москва ќе возврати доколку Зеленски ги оствари заканите.
Владимир Путин – претседател на Русија
„Ако некој се обиде да нè повлече по синџирот на исхрана и да нè проголта, може дури и да добие тупаница. Руските вооружени сили добија инструкции да подготват и да почнат масовни напади врз украинските енергетски објекти“.
Киев повика на „решителна стратегија“ за справување со руските закани во Европа. Брисел порача дека хибридните напади нема да останат без одговор. Ќе ја одржиме Европската Унија обединета и покрај овие сериозни и ескалирачки дејствија. Хибридните напади нема да останат без јасен одговор, објави претседателката на европската комисија Урсула фон дер Лајен. Во меѓувреме, продолжија меѓусебните напади меѓу Киев и Москва. Русија ги интензивираше воздушните напади врз цели во Украина.

