“Есенски маки”, завеани мавровски села
Од Центарот за управување со кризи информираат дека примен е повик од лице кое се наоѓа во викендица во село Леуново, на локација над Хотел Радика, кој е со сопругата кој цело време е приклучена на апарат за кислородна поддршка кој работи на струја.
Лицето поседува и агрегат за струја, во случај да снема, по што за денеска е договорено да се интервенира во чистење, за да може пациентката да биде транспортирана до Клиничката болница во Гостивар.
„Примен е повик од лице кое се наоѓа во викендица во с.Леуново, на локација над Хотел Радика, кој е со сопругата кој цело време е приклучена на апарат за кислородна поддршка кој работи на струја. Во координација со ПС Маврово и Итна Медицинска Помош Гостивар, истите беа на лице место, но поради висина на снежна покривка од околу 1 метар, не се во можност истата да је пренесат до амбулантното возило. Лицето поседува и агрегат за струја, во случај да снема. Во координација со одговорното лице од Маврово Ростуше договорено е денес околу 09:30 часот да се интервенира во чистење на делницата од 100 - 150 метри се до влезната врата на викендицата, за да може екипа од Итната медицинска помош Гостивар да ја превземе и транспортира пациентката до Клиничката болница во Гостивар.“ - велат од ЦУК.
Од СВР Тетово информираат дека запознати се со случајот и чекаат на возило од ЦУК за жената да биде транпортирана.
„Според информциите од СВР Тетово, полициските слубеници од полициското оделение Маврово од моментот на пријавувањето се ангажирале за пружење на секаков вид на помош и во моментот се очекува да дојде возило од ЦУК за да се транспортира лицето на безбедно место.“ - велат од СВР Тетово.
Од ЕВН велат дека нивните екипи се постојано на терен посочувајќи дека екипите вложуваат максимални напори бидејќи се соочуват со тешки услови како резултат на снежниот бран.
„Силните врнежи од снег посериозно ја погодија дистрибутивната мрежа во реонот на Битола, демир Хисар, Кичево, Македонски Брод, Гостивар. Дефекти настанаа на среднонапонска и нисконапонска мрежа. Екипите на електродистрибуција без прекин работеа во многу тешки и временски услови и отстранија голем број дефекти а продолжуваат да работат на санација и на останатите дефекти.“ - велат од ЕВН.
Првиот снежен бран кој ја зафати Македонија повторно ги врати старите проблеми за тоа дали и колку надлежните се справуваат. Според обемниот извештај на Центарот за управување со кризи може да се забележи дека во најголем дел од државата имало и се уште има проблеми со кои се соочиле граѓаните особено тие кои биле затекнати на туристичките дестинации.