Есенската потрошувачка кошница ќе биде позната денеска, ќе се замрзнуваат цените или ќе се ограничат маржите

До денеска, според најавите од Министерството за економија и труд, треба да биде готова есенската потрошувачка кошница со 100 производи. Работната група, во која членуваат претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство, врз основа на направена симулација треба да донесе предлог - одлука дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите од 5,10 и 15 проценти. 

Предлогот, како што вчера најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, ќе биде доставен до Владата наредната недела.