ЕСЧП: Македонија да му исплати отштета на Муслиу од 11 илјади 295 евра и да спроведе ефективна истрага за случајот со тортура од страна на полициски командир

Уште една пресуда на штета на Македонија донесена во Стразбур. Европскиот суд за човекови права одлучи во корист на затвореникот Фитим Муслиу кој во август 2022 година ја тужеше земјава.

Во тужбата тој тврдел дека бил изложен на нечовечко постапување од страна на затворски службеник, а дека домашните власти не спровеле ефективна истрага за случајот.. Инцидентот се случил на 3 август 2020 година, кога осуденикот бил физички нападнат и тепан од припадник на затворската полиција.

По неуспешен обид да се дојде до спогодбено решение, владата до судот во Стразбур признала дека имало повреда на правата на затвореникот и понудила да му исплати отштета од 11 295 евра, понуда која лицето ја одбило. Судот сепак одлучил да го затвори случајот со предупредување дека повторно може да се најде на дневен ред доколку владата не го исполни ветувањето.

Европски суд за човекови права

„Забележувајќи ги признанијата содржани во декларацијата на Владата, како и предложениот износ на надоместокот - кој е во согласност со износите доделени во слични случаи - Судот смета дека повеќе не е оправдано да се продолжи со постапката. Судот нагласува дека, доколку Владата не ги почитува условите на нивната еднострана декларација, апликацијата може да биде вратена на списокот согласно член 37 од конвенцијата.“ 

Според адвокатот Тони Менкиновски, Македонија имала воспоставено добар систем за прочистување на судството, но тоа не им одговарало на одредени структури..Предупредува и дека во следниот период, земјава ќе се соочи со голем број на одлуки од Стразбур.

Тони Менкиновски  - адвокат

„Имаше во законот за судовите доколку некој судија изгуби предмет во европскиот суд за човекови права да биде разрешен..Во 2017 година бидејќи не им одговараше на одредени структури – губеа предмети во стразбур , адвокатите бараа тие судии кои учествуваа таму да бидат разрешени, го сменија , избришаа и не постои во законот ..Имаше добра методологија да се чисти самото судство од кукуљот..“

Голем дел од предметите против Македонија кои стигнале до Стразбур, се однесуваат токму на повреда на правото на правично судење. Само пред неколку години, 339 предмети од земјава чекаа пресуди од судот во Стразбур – што укажува на континуитет на тужби поврзани со повреди на основните права пред домашните правосудни органи.