Ерос Рамацоти настапи како гостин на Сан Ремо
Foto

Ерос Рамацоти настапи како гостин на Сан Ремо

35 години по дебито на фестивалот Сан Ремо и првата победа тогаш како дебитант со песната „Ветена земја“, мегаѕвездата Ерос Рамацоти се врати на сцената на Сан Ремо, овој пат како гостин и со потсетување на песните со кои двапати победи на фестивалот во 1984 и 1986. И на 55 години Ерос се уште ја крева публиката на нозе. Ерос настапи заедно со пејачот Луис Фонси и ја изведоа песната „На улица“. Ерос зад себе има светска кариера, хитови и многу дуети со други светски ѕвезди, а неколку пати се појавил и како специјален гостин на Сан Ремо.

Со изведбата на песната „Животот е“, Ерос го промовираше новиот истоимен албум, а во рамките на неговата турнеја „Vita ce n`e“ и промоцијата на албумот, Ерос годинава на 30 септември доаѓа во Скопје. Неговата светска турнеја „Vita ce n`e'“ ќе ги опфати сите континенти, а концертот во Скопје ќе се одржи во ВИП Арената.

0 Коментари

Остави коментари