Ердоган вети нова куќа за секој чиј дом е уништен во земјотресот
Foto

Ердоган вети нова куќа за секој чиј дом е уништен во земјотресот

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вети дека ќе биде изградена нова куќа,што е можно поскоро, за секој граѓанин чиј дом беше уништен во вчерашниот разорен земјотрес.

На конгресот на Партијата за правда и развој (АКП) во источниот турски град Ван, Ердоган испрати пораки со сочувство до семејствата на загинатите граѓани на Измир и целиот турски народ, а на повредените им посака брзо закрепнување.

Говорејќи за глобалните настани, турскиот претседател рече дека светот во моментов чувствува болка од транзицијата кон нова политичка и економска ера, пренесува агенцијата Анадолија.

– Претходниот век, со војните што резултираа со смрт на стотици милиони луѓе, беше обележан со колонијални активности без никакви морални граници и потрага по демократија и слобода. Гледаме дека во првата сериозна криза,кај западните земји кои се претставуваат како „колевска на демократијата“, веднаш се појавија болести како што се фашизам, расизам и ксенофобија. рече Ердоган.

Тој изјави дека „оние кои со години ги охрабруваа луѓето од различни географски области, за кои сметаат дека се евтина работна сила, да дојдат во нивните земји, денес ги затвораат своите граници пред бранот бегалци“.

– Многу е болно што патот до европските вредности води преку застапување на најтешките навреди на сметка на симболите на другите религии и општества, рече Ердоган.

Тој оцени дека „подемот на исламофобијата, особено во Франција, е потврда за продолжување на менталитетот што многупати ја вовлекуваше Европа во катастрофа“.

0 Коментари

Остави коментари