Ердоган се обврза дека ќе работи непристрасно

Реџеп Таип Ердоган денеска во парламентот на Турција положи заклетва за трет претседателски мандат, по победата во вториот круг на изборите, ветувајќи дека функцијата ќе ја извршува непристрасно, пренесуваат светските агенции.   

По инуагурацијата во парламентот ќе се одржи свечена церемонија во претседателската палата во главниот град на земјата, Анкара на која која ќе присуствуваат повече севтски лидери. Турскиот лидер победи во вториот круг на претседателските избори што се одржа на 28 мај, откако во првиот круг две недели претходно не успеа да освои 50 отсто од гласовите на турскиот електорат.   

На изборите тој се соочи со кандидатот на моќната опозициска коалиција Кемал Киличдароглу. Ердоган успеа да победи на изборите и покрај незадоволството меѓу турските граѓани поради економската криза и гневот кон властите за нивната реакција по земјотресот кој во февруари ја погоди земјата и во кој загинаа повеќе од 50 000 луѓе. 

Ердоган во вториот круг освои 52,18 отсто од гласовите, додека неговиот ривал Киличдароглу – 47,82 отсто, покажаа официјалнит резултати.   

„Како претседател, се колнам во мојата чест и интегритет, пред големата турска нација…да работам со сите сили за заштита на постоењето и независноста на државата…и да ја исполнам мојата должност непристрасно“, рече Ердоган во парламентот. 

По заклетвата тој доби овации од неговите поддржувачи во парламентот, додека некои пратеници од опозицијата одбија да станат. Во својата заклетва, Ердоган вети и дека нема да отстапува од владеењето на правото и секуларните принципи на републиката основана пред 100 години од Мустафа Кемал Ататурк. 

Меѓу странските лидери присуствува на свечената церемонија по инаугурацијата се претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, потпретседателот на Иран Мохамад Мохбар; премиерот на Унгарија Виктор Орбан и претседателот на Долниот дом на рускиот парламент Вјачеслав Володин, македонскиот претседател Стево Пендаровски