Ердоган положи заклетва за трет претседателски мандат
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска положи заклетва како шеф на државата, откако победи на вториот круг од изборите за продолжување на неговото дведецениско владеење за уште пет години.
Инаугурацијата во парламентот беше проследена со раскошна церемонија во претседателската палата во главниот град Анкара, на која присуствуваа десетици светски лидери. Ердоган победи во вториот круг на 28 мај против моќната опозициска коалиција и покрај економската криза и острите критики по разорниот земјотрес во февруари во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе.
Тој освои 52,1 отсто од гласовите, а неговиот секуларен ривал Кемал Киличдароглу 47,9 отсто, покажуваат официјалните резултати. Турскиот лидер со најдолг стаж се соочува со непосредни и големи предизвици во неговиот трет мандат, поттикнати од економското забавување и надворешнополитичките тензии со Западот.