ЕПИ со анализа на состојбите на надворешно политички план
Граѓаните го поддржуваат европскиот пат на земјата, но не се доволно информирани за надворешната политика. Вакви се резултатите од последната анкета на Институтот за европска политика- ЕПИ.
Според анкетата, 58,4 отсто од анкетираните граѓани целосно ги поддржуваат евроинтеграциите на земјата, а слични резултати има и за поддршката за НАТО, каде 58,6 отсто граѓани се изјасниле дека целосно го поддржуваат членството во НАТО.
Директорката на ЕПИ, Кацарска вели дека одвојувањето на пакетот Скопје- Тирана, ќе биде чекор назад за земјата и дека ЕУ, во следниот период, ќе се занимава помалку со Макдонија во пристапниот процес.
– Формално Албанија ќе биде чекор пред нас. Тоа ќе влијае врз домашната политичка ситуација и зависи владата колку ќе моѓе да испорача, за многу други прашања, кои се врзани за реформската агенда, поврзана со ЕУ, за да може да овозможи одредени услови кои Албанија секако ќе ги има пред нас, вели Симонида Кацарска директорка на ЕПИ.
Кацарска посочува дека е потребна поголема транспарентност и вклученост во евроинтегративниот процес, а македонската влада треба интензивно да лобира и работи со Германија и Франција, додека пријателството со Унгарија да биде воздржано.
– Ние мораме да работиме со Германија пред се, како клучниот партнер, со Франција – колку што постои можност. За жал, делумно и на дипломатско ниво , не сме зајакнати, ообено во овие две држави членки. Да ги гледаме новите претседателство – Полска и Данска следуваат. Ние мораме да работиме со тие членки, за да ја изградиме довербата со новата влада, бидејки, да не заборавиме, покрај лобирањето со државите членки, ние имаме нова влада, имаме нови лица, кои мораат да креираат партнерства со државите членки, вклчучително и Бугарија, вели Симонида Кацарска директорка на ЕПИ.
Според Кацарска, голем дел од граѓаните веруваат дека надворешната политика влијае врз нивниот секојдневен живот, а по дебатата на ЕПИ, забележана е промена во перцепцијата. На скала од 1 до 10, оценката за влијанието на надворешната политика врз секојдневниот живот пораснала од 5,78 просечна оценка на 7,4 проценти.
Првичната анкета е спроведена на 1.001 испитаник, додека на дебатниот настан учествуваа 135 испитаници.