Ѓеорѓиејев за ТВ 24: Политичките партии се уште си ги сакаат докторите во своите редови

Доктор Ален Ѓеорѓиејев во емисијата 24 анализа рече дека партиските ангажмани на лекарите се со добра намена. Креаторите на идните политики во Здравството мора да бидат и докторите особено тие кои со години се во здравството.

- Можните решенија се нудат во изборните програми. И политичките партии се уште си ги сакаат докторите во своите редови особено за време на изборните кампањи. После сите воие години, голем дел од лекарите се со свој интегритет, углед и дека политичките партии се надеваат на еден начин на поголем број на гласови. До 2016 година имаше ограничувања за политичка функција и имаа забрана за професионална дејност и потоа се смени законот- вели Ѓеорѓиејев.