Енергетските компании бараат цената на парното да се зголеми за 50%

Енергетските компании задолжни за топлинската енергија во скопје бараат зголемување на цената која ја плаќаат граѓаните за дури 50 отсто. Претседателот на регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски за ТВ 24 вели дека допрва ќе ги разгледува овие барања и ќе ги признае само реалните трошоци. 

Тој уверува дека нов ценовен шок нема да дозволи да се случи. Признава дека цената на природниот гас бележи зголемување кој е потребен за производство на парното греење, но не до мера крајната цена толку енормно да се зголеми.

Сите домаќинства плаќаат 12 месечни аванси и од кога почнува грејна сезона, дали од 1 октомври или од 15, без разлаика колкава е потрошувачката секој си плаќа тоа што е предвидувањето од страна на ЕСМ. И кога завршува грејната сезона се прави пресметка на реално потрошена топлинска енергија во зградата. 

Инаку, во јануари месец Регулаторна го прифати барањето на ЕСМ да се зголеми цената на топлинската енергија, со што граѓаните добијаа поскапи сметки за 5 проценти, колкаво ќе бисе сегашното најавено поскапување за многу скоро граѓаните ќе треба да дознаат и да си го подготват буџетот за плус повисока сметка.