Енергетска комора: Џабе владата го зголемува списокот на субјекти со повластена струја, кога ќе мора да купува

За намалени цени на основните прехранбени производи граѓаните ќе почекаат, а Владата ако субвенционира цена на струја добро би било да си се преипсита и пресмета вели Манасков.

Според него, со првиот снег ќе се соочиме со потреба од увоз на струја а тоа значи и дека некој таа цена ќе треба да ја плати, а ќе ја платат граѓаните и компаниите. 

„Цената на производите може да се намали доколку цената на електричната енергија се намали, значи клучен фактор за една компанија за да почне да функционира пред се гледате цената на сметката на струја колкава е, тука е бројот на вработените и останатите трошоци кои што се јавуваат и можеме да диктираме дали можеме цената на производот да ја спуштиме. Но ако цената ни е висока гледаме и по маркетите ..да субвенционирана, ама нема да оди тоа по компаниите, тоа ќе оди максимум за домаќинствата  или евентуално за некои компании коишто се мали потрошувачи, не верувам дека на овие големите индустриски компании нешто такво би помогнале.“ - вели Манасков. 

Од Регулаторна комисија за енергетика, за ТВ24, велат дека добро е што владата посегна кон субвенционирање на електричната енергија особено за Јавните комунални водоводни претпријатија а тоа според Бислимовски ќе им помогне на овие комунални претпријатија да ја подобрат ликвидноста. 

Инаку, за субвенционирано снабдување со електрична енергија по повластена цена од 1 декември се пријавиле 233 јавни основни и средни училишта од сите градови од вкупно 474-те на територијата на државата, 50 јавни претпријатија од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води од вкупно 70-те, како и 235 субјекти, физички и правни лица, од областа на прехранбениот сектор.