Емил Павлов пред историски успех на македонското карате
Foto

Емил Павлов пред историски успех на македонското карате

Македонскиот каратист Емил Павлов утре попладне во Дубаи го очекува завршниот и најзначаен дуел на Светското првенство на кое противник во категоријата до 67 килограми ќе му биде актуелниот олимписки, светски и европски првак, Стивен Дакоста од Франција.

Со пласманот во финалето во категоријата борби, Павлов веќе го обезбеди својот прв медал од светските првенства во кариерата и вкупно втор за македонското карате, по бронзата на актуелниот капитен на македонската репрезентација на завршниот турнир во Дубаи, Жарко Арсовски.

Павлов пред заминувањето со репрезентацијата во Дубаи вети дека ќе го даде максимумот да се закити со медал и по петте последователни победи сега е на чекор на македонското карате да му го донесе најголемиот успех на светските првенства.

Павлов, кој е трикратен европски првак во категоријата до 60 килограми, забележа победи над Словакот Матеј Хомола, Садтидин Сајматов од Узбекистан, Абдала Хамад од Јордан и Али Елсави од Египет, пред во полуфиналето да го совлада Унгарецот Мартиал Тардиси.

Неговиот утрешен противник, пласманот во финалето го обезбеди откако со пресврт во полуфиналето беше подобар од Јапонецот Соичиро Накано со 3-2.

0 Коментари

Остави коментари