Емил Павлов освои сребро на Светското првенство во карате
Foto

Емил Павлов освои сребро на Светското првенство во карате

Емил Павлов го освои сребрениот медал во категоријата до 67 килограми на Светското првенство кое се одржува во Дубаи. Тој во финалето немаше сила против актуелниот олимписки шампион и најдобар каратист во оваа категорија, Французинот, Стивен Да Коста каде беше поразен со 8-0.

На патот до финалето, Павлов беше подобар од Унгарецот Мартијал Ивес Тадиси во полуфиналето, а претходно ги совлада и Словакот, Матеј Хомола, Садтидин Сајматов од Узбекистан, Абдала Хамад од Јордан и Али Елсави од Египет.

Ова е историски резултат за македонското карате и освојување на само втор медал од светските собири, втор по тој на Жарко Арсовски кој беше бронзен.

0 Коментари

Остави коментари