Елмас го постигна својот прв сезонски погодок за Наполи

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас го постигна својот прв сезонски погодок за Наполи во Серија А и тоа на гостувањето во Салерно кај Салернитана.

Актуелниот шампион не згреши, го потврди статусот на фаворит и славеше на овој дуел со 2-0, три бода кои беа потврдени со мајсторијата на нашиот ас. Елмас доби шанса од тренерот Гарсија во 67 минута, а во 82 минута убаво се ослободи од еден домашен играч по што следуваше прецизен удар, топка која заврши зад грбот на ветеранот Очоа.

Инаку првиот погодок за Наполи беше дело на Распадори, па така сега оваа екипа со 21 бод е на 4 место на табелата.