Елизабета Дуковска чиј избор во Уставен суд беше поништен конкурирала за нејзиното место

Елизабета Дуковска, уставната судијка чиј избор по две години го поништи Управниот суд, конкурилала на огласот на Судски совет за нејзиното место во Уставен, потврдуваат од Судски совет за ТВ 24.

Освен Дуковска, за уставна судијка конкурилара и претседателката на скопска Апелација Мери Дика, која според извори на ТВ 24 во судскиот совет се очекува и да биде избрана за нова уставна судијка. 

Од судскиот совет велат дека огласот формално е завршен и се очекува набрзо судски совет да го прати предлогот до Собранието, кое што треба да го гласа.