Еленовски за ТВ 24: Имаме варијанта дека е можно и да се случи неизбор, поради неискористување на цензус
Поранешниот амбасадор Лазар Еленовски во емисијата 24 анализа рече дека досега се потврдило дека двете најголеми партии ги даваат двата кандидата во вториот круг, ако нема случај да се избере во првиот круг.
- Имаме варијанта дека е можно и да се случи неизбор, поради неискористување на цензус. Затоа и се залепија и парламентарните избори за претседателските. Секој кандидат излегува за да настапи и да оствари политички цели. Дел од другите кандидати влегуваат во игра да го максимизираат својот резултат на парламентарните избори. Максим Димитриевски како кандидат може да биде добар. Знаеме колку е тешко да се борите со неформирана структура, во однос на партии што се естаблишмент на оваа политичка сцена. - рече Еленовски.