Експлозија на железничка станица во Пакистан: Најмалку 22 лица загинаа

Во Пакистан денеска загинаа најмалку 22 лица во експлозија на главната железничка станица во Балучистан, провинција во југозападниот дел на земјата, соопштија полициски и медицински извори.

„Досега загинаа 22 лица, работиме на утврдување на природата на експлозијата“, соопшти полицијата, додавајќи дека бројот на жртви може да биде поголем.

Службеникот на регионалната болница во Кета, од своја страна, изјави дека се примени 46 повредени лица.

Експлозијата се случила утринава на централната станица Кета, главниот град на Балучистан, на границата со Авганистан и Иран, каде што патниците чекале на перонот.