Експлозија на гас во Балтимор, урнати неколку куќи, една жена загина
Foto

Експлозија на гас во Балтимор, урнати неколку куќи, една жена загина

Експлозија го потресе Балтимор, при што разнесе неколку куќи. Како што јавуваат локалните пожарникари, под урнатините се заробени луѓе, а меѓу нив има и деца.

„Неколку куќи експлодираа. Најмалку пет лица се заробени, меѓу нив има и деца“, објавија пожарникарите на Твитер.

Според светските медиуми засега се спасени три лица, а за останатите се трага. Пожарникарите објавија дека тројца од спасените се во критична состојба.

Како што јавува Еј Би Си Њуз, експлозијата ја предизвикало истекување на гас.

0 Коментари

Остави коментари