Експертите за 24 Отворено: Лустрацијата, „лов на вештерки“, борба за правда или борба со неистомисленици?
Foto

Експертите за 24 Отворено: Лустрацијата, „лов на вештерки“, борба за правда или борба со неистомисленици?

Томе Аџиев поранешниот претседател на Комисијата за лустрација вели дека со законското решение за поништување на лустрацијата ќе се направи правен преседан со што ќе се наруши целиот правен систем. Аџиев вели дека аргументите тешко се спротивставуваат.

Режисерот Владимир Милчин вели дека “ловот на вештерки” мораше да престане. Мисли дека одлуката е задоцнета и требало да биде донесена 2017 година, а не во 2019 кога завршуваат петте години за оспорување. Ова што сега се прави вели нема да е правда за етикетираните и осудените како кодоши, туку ќе овозможи да се заборави злоделото на налогодавците и извршителите како и судиите кои не дозволуваа одбрана. Судот за човекови права во Стразбур според него го оцени како рушење на човековите права.

„Како претседател на Фондацијата “Отворено општество” јас му бев “трн во око” на Никола Груевски.“

Поранешниот разузнавач Александар Диневски вели дека лустрацијата е изместена од својата идеја за исправање на неправдата. Вели факт е дека лустрацијата беше дел од платформа на Никола Груевски за уништување на неговите политички противници. Сите политички неистомисленици со неговата тоталитарна власт тврди дека требало да бидат елиминирани или жртви на политички монтирани процеси. Диневски смета дека е потребно да се донесе ваков закон кој ќе обезбеди морално и политичко прочистување.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски смета дека работите се испревртени. Во Македонија во службите имало 16 000 досиеја, во затворите 22 000. Во Македонија се лустрирани 180 луѓе. Димовски вели дека илјадници семејства во земјава биле предмет на следење, прогонувани, раселувани и им биле одземени граѓанските права. Лустрацијата во Македонија вели дека била спроведена на најмек начин во однос на другите земји.

„Не ја идеализирам лустрацијата но требаше да се објавата списоците.” – додава пратеникот Димовски. Законот смета дека е покритие за СДСДМ дека се оправдале кон одреден број луѓе.

Пратеничката Снежана Калевска Ванчева од СДСМ вели дека во Собранието пратениците не успеале да дебатираат за законското решение бидејќи опозицијата го блокирала законот. Според неа законот е потребен, бидејќи е осуден од домашната и странската јавност. Смета дека се задоцни со законот, а проблемот се мултиплицираше кога одредена политичка елита направи узурпација и злоупотреба на законот преку Комисијата за лустрација.

0 Коментари

Остави коментари