ЕКСПЕРТИТЕ СО СПРОТИВСТАВЕНИ СТАВОВИ, ДАЛИ ПРЕДМЕТИТЕ НА СЈО ТРЕБА ДА ГИ ПРЕВЗЕМЕ ОЈО

Љубомир Јовески пресече – предметите на СЈО ќе имаат судска разврска.

Јавното обвинителство, по три дена од писмото на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, донесе решение да ги преземе случаите од СЈО. Од државното обвинителство преку соопштение појаснуваат дека ваквиот став е заснован на уставната положба на Јавното обвинителство како единствен државен орган надлежен за гонење на сторителите на кривичните дела и на други казниви дела. Велат постапките по конкретните предмети продолжуваат во надлежните јавни обвинителства.

По денешните консултации на работната група во правда, првиот јавен обвинител ги избегна медиумите. Заедно со Јовески, од споредниот влез во правда си заминаа и дел од професорите, експертите, но и обвинителката од СЈО, Ленче Ристовска, кои беа дел од сребата.

- „Јавното обвинителство го разгледа Известувањето испратено од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите доставено преку судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје и Известувањето од јавни обвинители на тоа обвинителство, при што зазеде став да ги преземе во надлежност и натамошно постапување предметите кои ќе му бидат предадени од СЈО.“ - ЈОРМ.

Дел од скспертите пак од работната група која пред неколку години го формираше законот за СЈО и кои застнаа пред камерите - со поделени мислења.

Камбовски е за – професорот Калајџиев е против тоа Јовески да ги преземе предметите на СЈО. Универзитетскиот професор смета дека дошол крајот на СЈО, вели тие биле злоупотребени за да се бутне ВМРО-ДПМНЕ од власт. Според Камбовски важно што поскоро да се донесе новиот закон за ЈО, а барањето на Јанева предметите да ги преземе Јовески, за него вели не е спорно.

Пред одлуката на обвинителството, а по средбите во правда - реакција имаше и од Блупринт групaта – од каде бараа СЈО како институција да продолжи да функционира и да го задржи степенот на автономија при постапувањето, а притоа да биде соодветно интегрирано во рамките на Јавното обвинителство.

Наспороти средбите во правда, и оние на преговарчките тимови во Законодавниот дом, премиерот Зоран Заев оптимист – до 15 септември очекува новиот закон за ЈО да биде донесен. Ако има потреба вели подготвен е да седне на иста маса со лидерот на опозициската ВМРО-ЖДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Откако сега Јовески го прифати писменото барање на Јанева, и ги презема сите премети од СЈО без разлика дали тие се во судски процес, истрага или предистрага, останува отворено прашањето што со обвинителите од СЈО. Поради скратените рокови се очекува законот за ЈО кој треба да ја реши и судбната на СЈО да биде донесен до крајот на идната недела. За да биде усвоен предлог законот за јавно обвинителство потребно е двотретинско мнозинство од пратениците. Носењето на законот е клучен за евроинтеграциите на земјава.