Експертите со поделени мислења околу Законот за укинување на лустрација
Foto

Експертите со поделени мислења околу Законот за укинување на лустрација

Уставно или против уставно законското предлог решение на СДСМ за укинување на лустрацијата. Откако деновиве во собранието СДСМ остана сама да го брани ова законско решение со свои ставови и аргументи за и против и дел од експертската јавност и познавачите на проблематиката.

Поранешниот прв човек на комисијата за лустрација Томе Аџиев пак смета дека се работи за правен преседан бидејќи како што вели за емисијата Отворено на ТВ 24 одлуките за лустрација биле донесени врз основа на одлуките на комисијата за верификација на фактите но и врз основа на два суда.

Според Аџиев ваквото ново законско решение е непозната и против правна категорија. Режисерот Владимир Милчин пак кој и самиот беше лустриран вели новото законско решение требало да биде донесено и мноу порано.

Поранешниот разузнавач Александар Диневски пак смета дека новото законско решение треба да биде донесено и да се поништат сите донесени пресуди за лустрација. Според него лустрацијата е изместена од првичната идеја.

Она што засега останува е дека во законодавниот дом единствено СДСМ која е и иницијатор го поддржува ова законско решение. ДУИ пак вчера се изјаснија дека бараат поширока дебата и решавање на статусот на политичките затвореници од претходните системи, а пак ВМРО-ДПМНЕ не отстапуваат од својот став и велат ќе ги искористат сите правни лекови за да го спречат носењето на ова законско решение. Претставник на комисијата немаше ниту од Демократската партија на Турците, а став немаат изградено и независните 8 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

0 Коментари

Остави коментари