Експертите се скептични за европската политичка заедница
Прв Самит на Европската Политичка Заедница во Прага, ЕУ лидерите убедуваат ќе се гради заедничка иднина. 44 земји вклучувајки ги 27те земји членки на ЕУ и уште 17 лидери на држави - од Украина, па се до Турција, Велика Британија и земјите од Западен Балкан денеска се на исто место, но која е целта и што ќе донесе оваа идеја на францускиот претседател Макрон?
- Сите го делиме истиот простор, често и истата историја и нашата вокација е да изградиме заедничка иднина. Би сакал да имаме корисен разговор, да ја ставиме оваа заедница во функција и од тоа да се родат нови проекти. - изјави Емануел Макрон претседател на Франција.
Оптимисти и првиот човек на Европскиот совет Мишел, но и шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, кој испрати и силна порака до Москва.
- 44 земји ќе покажеме единство. На состанокот ќе се бара нов поредок без Русија. - изјави Жосеп Борел висок претставник за надворешна политика на ЕУ.
Шарл Мишел претседател на Европски Совет - Овој состанок е важен бидејќи е прв. Соочени сме со истите проблеми, имаме исти предизвици. Јас сум голем оптимист. Ќе се покаже колку добро можеме да соработуваме. Европските експерти пак скептични, велат прашање од 6милиони евра е дали ЕУ лидерите градат нова политичка сила на Европа или само позираат за една фотографија.
Бодо Вебер, експерт од Берлинскиот центар за демократизација, во интервју за телевизија 24 вели дека земјите како Македонија и Албанија имаат основа за стравување од проширувањето на ЕУ и ги советува македонските власти, моментот да го искористат за порака - дека Македонија не сака да биде земја од втор ред.
- Земјите како Северна Македонија треба да вршат притисок врз пријателите и другите земји членки и експлицитно да објаснат дека нема да прифатат второкласно членство во ЕУ и во исто време било какво членство во Европската Политичка заедница, направете го тоа како албанскиот премиер Рама што објаснува јавно. - изјави Бодо Вебер Берлинскиот центар за политики на демократизација.
Еди Рама денеска пред камерите во Прага повтори дека за Албанија е клучно додека чека да стане ЕУ, да биде дел од Унијата. Премиерот Ковачевски, кој во Чешка е придружуван од шефот на дипломатијарта Османи, објави фотографија со Макрон на својот фејсбук профил и напиша дека францускиот претседател му ја потврдил поддршката за евроинтеграцијата на Македонија.