Експертите пред Уставен оспоруваат правилник на РКЕ
Здружението на Група Инженери поднесоа Иницијатива до Уставниот суд за оценување на законитоста на Правилникот на Регулаторната комисија за енергетика во делот на паушалното отчитување на броилата за електрична енергија на домаќинствата. Дејан Димовски од оваа група на Инженери за тв 24 вели дека правилниците термионолошки не се усогласени со Законот за енергетика кој на сила е стапен од ланската година. Спорното според Димовски е тоа што не се раграничени два битни термини, а тоа се мерење и отчитување на потрошената електрична енергија.
Дејан Димовски – група Инженери: „Кога станува збор за потрошената електрична енергија кај потрошувачите мерењето го врши мерен уред, односно го вршат попознато кај народот самите струјомери. Тоа значи дека, мерење е процес на потрошена електрична енергија или мерење на одредена величина, а додека отчитување е да се симнат самите податоци кои ги измерил мерниот уред и истите да се обработатза да може да се генерира фактура до самиот потрошувач. “
Во Законот за енерегетика Димовски вели, децидно е напишано дека доколку не е извршено мерење тогаш снабдувачот со електрична енергија може до потрошувачот да достави паушално издадена фактура, односно без целосна точност по одредена проценета вредност. А мерењето не може деа се изврши само во случај кога мерниот уред е технички неисправен.
Дејан Димовски – група Инженери: „Во сите случаеви во кои потрошувачите добиваат паушална фактура издадена, тогаш добиваат фактура која што е генерирана само заради тоа што не се отчитани броилата, но не значи и дека и мерењето не е завршено. Постојан голем број на случаи за кои и ние алармиравме, дека доколку самите потрошувачи не се пожалат до дистрибутерот на електрична енергија тогаш во следниот месец ќе добијат фактура меѓутоа не и оној дел кој што е законска обврска да добиваат корегирана фактура. “
Телевизија 24 побара став и од Регулаторната комисија за енергетика од каде ни соопштија дека се уште нема добиено барање за одговор на Иницијативата од Уставниот суд.Ни посочија дека регулаторна не ги коментира постапките пред Уставниот суд со цел да не влијае на постапката и одлучувањето.
РКЕ: „Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад се уште нема добиено Барање за одговор на Иницијативата од Уставниот суд, откако ќе го добиеме барањето по истото ќе постапиме и ќе доставиме стручно мислење - одговор на Иницијативата до Уставниот суд на РСМ. Во стручното мислење ќе бидат образложени сите аргументи за оспорениот член, со цел Уставниот суд да ја има целосната слика при одлучување.
Пред една година Задружението на Инженери алармира на сериозни недостатоци во начинот на кој се фактурира потрошувачката на електрична енергија, повикувајќи ги граѓаните да ги користат своите права и редовно да поднесуваат приговори до ЕВН. Најголем проблем според нив претставува паушалното изготвување на сметките врз основа на проценета наместо реална потрошувачка, што, доведува до неправедна наплата и преминување на корисниците во повисоки тарифни блокови.

