Експерти за 24 Отворено: Економијата бара добар и стабилен амбиент
Каде гази економијата, во популизам и клиентелизам или кон развој и реформи? Која е вистината? Дали економијата нема капацитет или власта не може да донесе развојни решенија? На ова прашање одговараа економските експерти, поранешниот гувернер Петар Гошев, екс министерот за финансии Џевдет Хајредини и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.
Овој буџет не се разликува од претходните, смета поранешниот гувернер Петар Гошев. Според него централно прашање е зошто Македонија во изминатите години имала просечна стапка од 1.5, што е под потенцијалниот раст на економијата. Во однос на покачувањето на платите, Гошев смета дека тие може да ја поткопат фискалната стабилност.
„Економијата бара добар и стабилен амбиент, а има постојано опаѓање на главниот фактор човечкиот.“ - вели Гошев.
Во Македонија има популизми, отколку анализи, смета Гошев и вели дека одвај 12% од расходите се наменети за капитални инвестиции. Дури и поранешниот премиер Груевски на ист начин ги зголемувал пензиите.
„Парите треба што побрзо да се вратат во економијата. За да се инвестира во човечкиот капитал, прво треба да се инвестира во здравството. Држава која нема здравство и е со слабо образование, нема да има ниту човечки капитал. Државата не може да функционира без столбот наречен солидарност кој доаѓа преку здравството.“ - смета Гошев.
Според Хајредини ние немаме капацитети за градење на државни институции кои ќе концепираат на подолг рок. Оваа влада наследува еден драматичен период од 2006 наваму. Што се однесува со реформите, тој смета дека нив ги нема, иако сите сакаат да ги направат и да бидат реформатори.
„Потрошени беа 1 милијарда евра за проектот „Скопје 2014“. Кај нас политиката е да се преземе власта и потоа со политиката на буџетот да се задржи власта.“ - вели Хајредини.
Според него човек и капитал две различни работи и требаат проекти за оспособување на младите инаку се потрошувачи на капиталот. Сега, целта на двоење од буџетот е да се добијат изборите и потребни се гласови, пред се од пензионерите и поединците со минимални плати кои се во голем број.
„Со буџетот се плаќаа партиски милитанти, без да дојдат на работа. По кој критериум земаат пари?“ - вели Хајредини.
Според Азески, сите политики кои ќе се водат во наредниот период ќе бидат полоши и очекува дополнителни компликации, зошто не се решаваат клучните прашања, немањето на попис од 2001 година, децентрализацијата, изборниот модел, контролните механизми на власта. Токму тие се клучните прашања за функционирањето на економијата.
Тој смета дека е сериозен проблем некоја влада да се убеди да имплементира корисна мерка за стопанството. Има консултации, но тешко одат имплементациите. Нови расходи се отвараат со напливот на вработувања.
„Мкже да очекуваме во наредниот период дополнителни компликации и мерки кои немаат економска логика.“ вели Азески.
Претставникот на комората кој е во владата бил најдобро решение и тој имал успешно влијание на сработеното за мерките, па Азески смета дека мора да се отвори дебата и да се собираат сојузници за идеи. Претставниот имал поддршка од премиерот кој истотака доаѓа од реалниот сектор.
„Нашата идеја со неговото одење е да се промовира економски раст од 2006, ќе се намали јазикот помеѓу државниот и приватниот сектор, каде дравата има 3.9 милијарди буџет за наредната година, а состојбите во стопанството не се на тоа рамниште да постават баланс.“ вели Азески.