ЕКСПЕРТИ НА ЕУ ЗА ТВ 24: ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ СЕ ОДВИВА КОЗМЕТИЧКИ
Foto

ЕКСПЕРТИ НА ЕУ ЗА ТВ 24: ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ СЕ ОДВИВА КОЗМЕТИЧКИ

Ќе доживее ли Македонија Пирова победа во мај во Загреб ? Експерти од ЕУ оценуваат дека пристапот за проширување на Унијата се одвива без политичка волја и на многу козметички начин – по овој тек на работите, Македонија ќе наиде на големи проблеми и доколку добие зелено светло за отпочнување на преговорачкиот процес оваа пролет.

„Она што ме загрижува е дека кон проширувањето се пристапува на многу тактично козметички начин, наместо на стратешки ориентиран пристап. Ако е навистина така, тогаш само ги одложуваме проблемите место да се соочиме со нив и да ги решиме. Ако вака се движат работите меѓу земјите – членки и Макрон каже ДА за проширувањето, но вистински не се размислува за проширување, тогаш Северна Македонија ќе наиде на проблеми во иднина, дури и ако преговорите започнат. Тоа ќе биде Пирова победа, ако тоа се случи пред или по изборите во април.“ - Курт Басинер Совет за политика за демократизација и експерт за Балканот.

И додека се чека Унијата внатрешно да се реформира, Францускиот пејпер се оценува како несериозен документ спакуван набрзина кој дополнително ја отежнува работата на новата Европска Комисија.

Воутер Звеерс, истражувач во Клингендал институтот од Холандија - Реформите на Унијата и реформите за проширувањето се две различни дискусии. Сметам дека ќе има жешка дебата во месеците кои доаѓаат и ќе биде тешко да постигнеме консензус пред април.

Себастиен Грику, политички советник во фондацијата „Жан Журес" од Франција - Нон пејперот беше направен многу набрзина, но од друга страна немаме друг избор освен да направиме нешто со него.

Нашите експерти пак сметаат дека властите во земјата требаа да бидат погласни на францускиот документ. И додека Македонија тропа пред европската врата, време е за рационалност и да не се подгреваат очекувањата во мај.

„По октомври никој од нас не се осмелува да биде оптимист, дури и ние што секогаш сме имале извесна доза на резерва.“ - Малинка Ристевска Јорданова, членка на управниот одбор на ЕПИ.

Во меѓувреме Македонија ќе добие нова шанса оваа пролет, но останува прашањето дали официјален Берлин кој покажува голема поддршка ќе вложи политички капитал за проширувањето кое на крајот од денот е маргинален на агендата на ЕУ.

0 Коментари

Остави коментари