Експерти: Мора да има одговорност за долговите на општините

Владата треба да им помогне на општините кои тонат во долгови но тоа да го направи преку јасно воспоставена фискална и финансиска дисциплина кон општините, преку создавање механизми за рано предупредување и детектирање на општините кои запаѓаат во долгови смета универзитетскиот професор, Борче Треновски.

Тој е дециден дека мора да постои и механизам кој ќе лоцира и одговорност  во општините, кај секој еден кој ќе го направи долгот да даде објаснување а преку закон да се пропипше дека ќе се прави ревизија на финансиите на општините барем на секој три години, бидејќи според професорот се до сега постојат општини кои никогаш не биле предмет на ревизија на нивното финансиско работење. 

„Најпрвин треба да се размисли начинот на финасисрање на општините. Дали е доволен и дали за дел од општините овие финансии кои ги имаат се доволни. Друга работа која мора да с енаправи е да се овведат фискални правила односно задолжувањето и обврските кои ги имаат општините треба д аима правило и некое ограничување да не може оперативните расходи да бидат поголеми од оперативните приходи, или правило на трошење и ограничување, или дефицитот да не може да се задолжуваат.“ - вели професорот, Борче Треновски. 

Во 2018 година Владата одлучи со финансиска инјекција од 50 милиони евра да им помогне на општините да сервисираат 50 проценти од својот долг. 

 

Трет квартал  - доспеани, а неплатени обврски за тековна фискална година 

2018 – 81,009,231 евра долг 

2019 – 49,337,518 евра долг 

2020 – 63,684,967 евра долг

2021 – 62,841,266 евра долг 

Извор: Министерство за финансии

 

Долгот во 2018 изнесувал над 81 милион евра, следната 2019 година долгот се намалил за над 31 милион евра со што се спуштил на над 49 милиони евра, веќе следната година 2020 долгот пораснал за над 14 милиони евра со што општините акумилирале долг од над 63 милиони евра. 2020 во однос на 2021 година долгот бил помал  за сума од 843 илјади евра. Додека во 2021 годсина општините успеале да генерираат долг од близу 63 милиони евра. 

Според професорот Борче Треновски, Владата во 2018 кога посегна кон плаќање на дел од долговите кон општините тоа го направило без да ги утврди причините за наталожените долгови на општините и тоа не смее да се повтори. 

„На едно место беа правните проблеми, на друго место полукоруптивни/ коруптивни скандали, на трето место беа недоволен фискален капацитет на општините, четврто беше лошиот менаџмент на оппштините. Значи тие беа различни а се примени линеарно раздолжување тоа с епокажа неефикасно имајќи предвид дека после  година-две од раздолжувањето на општините повторно долговите во дел од тие општини кои беа најзадолжени се враќаат на првичното ниво.“ - вели универзитетскиот професор, Борче Треновски. 

Инаку, гледано низ последните 4 години, долговите на некои општини во земјава има тенденција на зголемување и намалување па така, Охрид во 2018 имал долг од над 15 милиони евра, 2019 над 7 милиони евра, во 2020 и 2021 година долгот бил близу 7 милиони евра. Тетово во 2018 година имало долг од над 10 милиони евра, 2019 годинадолг од над 7 милиони евра, во 2020 над 9 милиони евра а додека лани заклучно септември Тетово тоне во долг близу 12 милиони евра. 

Општина Штип, во 2018 година имала долг од над 35 илјади евра, во 2019 долгот бил над 7 илјади евра а во 2020 година долгот бил над 176 илјади евра. 

Од скопските општини, Карпош во 2018 година имало долг од над 7 милиони евра, 2019 година долгот бил над 4 милиони евра, 2020 долгот изнесувал над 5 милиони евра а лани заклучно сетпември Карпош потонал во долг од над 4 милиони евра. 

 

Трет квартал - доспеани, а неплатени обврски за тековна фискална година 

2021

Охрид – 6,693,227

Тетово – 11,937,984 евра 

Куманово – 85,146 евра 

Гостивар – 5,449,071 евра 

Штип – нема пишано колку должи

Карпош – 4,160,549 

 

2020

Охрид – 6,657,142 евра 

Тетово – 9,360,347 евра 

Куманово – 438,382 евра 

Гостивар – 2,972,705 евра 

Штип – 176,695 

Карпош – 5,227,812

 

2019

Охрид – 7,330,644

Тетово – 5,774,503 евра 

Куманово – 1,377,631 евра 

Гостивар – 881,167 евра 

Штип – 7,776 евра 

Карпош – 4,578,712 

 

2018

Охрид – 15,736,375

Тетово – 10,888,034

Куманово – 2,841,949 евра 

Гостивар – 1,278,433 евра 

Штип – 35,124 евра 

Карпош – 7,714,921 евра