Експерти: Македонија тапка во место со стапки на раст на БДП од 2 до 3%

Растот на Бруто домашниот производ од 2,3 отсто ниту е оптимистички податок, ниту пак некаков доказ дека економијата конечно почнува да дава значи на живот. Ова е ставот на Универзитетскиот професор Орце Симов кој за ТВ 24 вели дека за посериозен раст на економијата потребен е нов концепт на водење на економските политики. Со ваков раст од 2-3 проценти колку што земјава испорачува веќе 30 години како држава не можеме ниту да се приближиме до стандардот на граѓаните од развиените земји.

Орце Симов Универзитетски професор

„За да создаваме вредност на нас нио требаат нови работи, една од работите кои треба да се направат е подобро образование. Ние не можеме со слабо образование, кое што произведува слаби кадри да иновираме, да создаваме нови производи, нови услуги, За тоа треба знаење. “

Треба да се направи на нови модели кои ке овозможат да се зголемат платите, но, и со забрзано темпо да се работи на дигитализацијата, како кај компаниите така и на институциите. Симов, освен професор, е и потпретседател на Сојузот на стопански комори и добро ги познава состојбите во стопанството. Според него со моменталната вредност што ја создаваме платите не може да се зголемат. Но додава дека треба да генерираме поголема вредност, да произведеме повеќе, и на тој начин ќе имаме поголем Бруто домашен производ,

Орце Симов Универзитетски професор

„Последните неколку години платите растат несразмерно со растот на економијата и продуктивноста. Ланската година растот во Македонија беше околу еден процент а просечната плата порасна за околу 15 проценти, и да ја вклучиме инфлоацијата од 3-4 проценти пак имаме 10 проценти поголем раст од тоа што е раст на продуктивноста.“

Новата влада на неколку пати апелираше дека економијата ќе и биде приоритет. Но, стопанството барем во овие први два и пол месеци од работењето на новите власти не може да ја пофали владата дека работи на подобрување на бизнис климата. Бизнисмените и натаму бараат измени на десетина законски регулативи со кои ќе се укинат голем дел на бирократски и парафискални давачки. По се изгледа дека клучно за раст на економијата над три отсто ќе биде и рализацијата на капитални инвестиции кои ретко кога надминуваат 80 отсто.