Ексклузивно: АТП Челинџер 75 „Македонија Опен“ ке се игра и следната година
Желбата на тениската федерација на Mакедонија - ATP челинџер 75 турнирот да премине во традиција, ќе биде исполнета. „Mакедонија Опен“ ќе добие уште едно издание, следната година. Организаторот ќе го задржи терминот и најдобрите млади тенисери од светот ќе ги гледаме во Скопје.
Оваа информација за телевизија 24 ја потврди спортскиот директор на тениската федерација на Mакедонија, Горан Шевченко, во неговото гостување попладнево во емисијата „Аргумент плус“.
Тениската федерација во јубилејната 70-та година од македонскиот тенис, по пауза од 23 години доби организација на еден ваков силен турнир.
Утре, од 10:30 часот на терените на ТК „Југ“ во Скопје стартуваат финалните натпревари.... Прво е финалето во двојки, а по него во финалето во сингл се среќаваат петтиот носител Франциско Комесана од Аргентина и квалификантот Мате Цалкуж од Унгарија.