Ексклузивна книжарница на просветно дело во „Diamond Mall Skopje“.
Под мотото книжарници се нижат и се поблиску до вас, Просветно дело вчеравечер свечено ја отвори новата ексклузивна книжарница во срцето на градот Diamond Mall Skopje.
Заедно со своите пријатели го прославија овој голем и свечен настан. По повод свеченото отварање подготвени се големи акции, подароци и многу изненадувања. Како најголема издавачка куќа во нашата држава која постои над 80 години во своите книжарници нудат голема понуда за децат, но и за возрасните. Препознатливи се по врвниот квалитет и пристапните цени.