Ексклузивна изложба во Св. Софија, досега неприкажана во Македонија, на ракописи и старопечатени книги
Празнично, ексклузивна изложба на ракописи и старо-печатени книги од Националната библиотека на Македонија, која досега не е прикажана во државата, е изложена во црквата Света Софија во Охрид.
Меѓу истакнатите дела се оргиналните ракописи од 13, 14 и 16 век како и Тројазичниот речник од Ѓорѓија Пулевски кој годинава слави 150 години од своето издавање и делото на Крсте Петков Мисирков „За македонцките работи“ од 1903 година.