Екс заменикот министер за надворешни работи на Бугарија, Љубомир Ќучуков во интервју за ТВ 24

Реално невозможно е да се изгласа резолуција за јазикот и идентитетот во Европскиот парламент, вели екс заменикот министер за надворешни на Бугарија Љубомир Ќучуков во интервју за ТВ 24.

Во разговорот, Ќучуков не гледа дека може да се смени барањето за вметнување на Бугарите во Уставот и порачува дека Бугарија нема да го злоупотребува протоколот во иднина и да и става вето на Македонија за време на процесот на преговори со ЕУ.