Екс соработници во ДУИ и најжестоки противници за Чаир: Меџити и Османи во најбитниот дуел на локалните избори
Актуелниот вицепремиер Изет Меџити и поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи, поранешни сопартијиц во ДУИ, ќе ја бијат најжестоката битка на локалните избори во Чаир каде се очекува да се кршат копјата меѓу ВРЕДИ и ДУИ.
Уште една општина која важи за бастион на партиите на албанците е каде што се очекува сериозна битка е Тетово меѓу Билал Касами и Бајрам Реџепи. Во Готсивар фотелјата ќе ја брани в.д градоначалникот Валбон Лимани од крилилото на Арбен Таравари кој ќе се соочи со независниот кандидат Висар Адеми, кој ќе го подржи Вреди. Боите на Меџити, Ибрахими и Касами во Струга ќе ги брани истотака независен кандидат – бизниемнсот Менди Ќира , кој ќе добие поддршка од ВМРО ДПМНЕ во првиот круг, а според неофицијалните информации од базата на СДСМ во Струга не се исклучува контото да легнат и гласовите на Венко Филипче кој нема да истрча со кандидат во повеќе доминатно албаснки општини.
Во Струга за Европскиот фронт ќе се трка кандидат од крилото на Зијадин Села ,а дилемата е дали самиот тој ќе истрча или пак лекарот Арсим Далипи. Според висок партиски функционер на ДУИ , Ахемти можно е да изненади и во Кичево каде се уште се прави проценка дали да четврти пат ќе истрча Фатмир Дехари или ќе има изненадување . Од Вреди за трка со Дехари се подготвува минситерот за социјала Фатмир Лимани. Двобој на кандидатите од албанскиот кампус ќе има и за галвниот град – каде и ДУИ и Вреди ќе истрчаат со кандидат во првиот иборен круг , додека во вториот, доколку има Вреди сигурно ќе го поддржи Орце Георгиевски од ВМРО ДПМНЕ , а барем официјално не се очекува Ахмети да го поддржи фаворитот на СДСМ.
Според информациите на ТВ 24 иако пред неколку месеци на највисоко ниво беше извесно дека СДСМ во Скопје ќе истрќа со професорот Мишко Ралев , информација што тој не ја демнатираше , на Бихаќка деновиве нови ветришта . Венко Филипче се фокусира на тврди партиски решенија – потпретседателката Каја Шукова и претседателот на градската органзиација на СДСМ Ѓорѓи Галетановски.
По средбата на лидерот на СДСМ со Арбен Таравари конкретен договор з асоработка нема но останала вратата отворена за поддршка. На Таравари битни му се гласовите во Гостивар, додека на Филипче во Куманово и Крушево. Засега од Мала Речица велат дека на агендата на Али Ахмети не е средба со првиот опозиционер, а неизвесно е дали ќе има средба и со Вреди, по изјвата на потпретседателот на СДСМ , дека Филипче во одредени општини ќе игра со Европскиот фронт, во дел општини со Вреди.
Најизвесна е соработката на партнерите од Илинденска број 2 , каде Мицкоски со ЗНАМ и Вреди ќе игра заедно уште од првиот круг на локалните избори на 19 октомври.

