Екс-разузнавачот Грујевски приведен, па пуштен од Интерпол Хрватска
Хрватското оделение на Интерпол го уапси поранешнјиот разознавач и началник на петта управа Горан Грујевски, но за кратко време судот во Хрватска го ослободил. Оваа информација за ТВ 24 ја потврди МВР, од каде велат дека првично информацијата ја дознале од медиумите, и потоа стапиле во контакт со колегите од Хрватска. Неофицијалните информации се дека веднаш по приведувањето Грујевски го повикал својот адвокат кој го донел документот кој покажува дека има добиено азил од Грција, па хрватските власти решиле да го пуштат на слобода. Од македонското МВР велат дека други информации од Хрватска не добиле.
„Во текот на вчерашниот ден од страна на Интерпол – Хрватска добивме информација дека Г.Г. Е приведен. Денеска, исто така ос Интерпол – Хрватска добивме известување дека го ослободиме Г.Г.“, велат од МВР.
На 26ти јули 2017 година наместо во притвот во Скопје, МВР соопшти дека Горан Грујевски не го пронашла во неговиот дом, потоа излезе информацијата дека тој заедно со својот колега Никола Бошковски од УБК се во бегство во сосседна Грција. На двалјцата им се судеше во отсуство за случајот Таргет Тврдина, односно за нелегалното масовно прислужување за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Со носењето на измените во Кривичниот законик лани, ова дело им застаре а судскиот процес сега продолжува само за уништување на опремата со која се вршело прислушувањето.