Екс премиерот Груевски се врати во Македонија, но засега само како политичка реторика

И додека министерството за правда ги чека документите од институциите за да побара екстрадиција на експремиерот Никола Груевски од Унгарија опозициската СДСМ стравува од ново можно бегство на Груевски овој пат  кон Русија или Белорусија.

Прашуваат исто така и која е улогатра на претседателката на државата Гордана Сиљановска Дафкова и дали можеби размислува за помилување на Груевски а во дописот наведуваат.

СДСМ

- По прес-конференцијата на идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, дека нема повеќе заштита за криминалци, Полска веднаш испратила официјални документи со директно барање за екстрадиција на своите политичари од Унгарија. Само Владата на Христијан Мицкоски чека и сѐ уште нема поднесено барање за екстрадиција на Никола Груевски.

Дали Сиљановска има улога? Една од тие надлежности е аболиција, односно помилување на Никола Груевски по рецептот на Ѓорѓе Иванов, доколку не обезбеди престој во некоја земја. 

Од ВМРО-ДПМНЕ пак во денешната реакција на СДСМ им порачуваат дека како што велат нивните политики биле антидржавни и дека партијата и Филипче енергијата треба да ја насочат во сопствените редови и да се запрашаат зошто сите поранешни функционери бегаат од нив, а актуелни се дистанцираат од лидерот на партијата. 

Од правда и денеска за ТВ 24 само  кратко велат дека доставиле барања за документи до сите институции, и сега на потег се тие, но бидејќи станува збор за сложена процедура  а министерството за правда не  ја коментира работата на другите институции само се фокусира на тоа  успешно да ја заврши процедурата и да го достави барањето за екстрадиција на Груевски до Унгарските власти.