Екс министерот Сали за ТВ 24: Кога се посомневав во финансиското работење на Онкологија, побарав ревизија

Темелна истрага и казни за извршителите, бараат од министерството за здравство откако мвр и обвинителство влегоа на клиниката за онкологија...првиот човек на минситетсвото  фатмир меџити преку кратко соопшптеие велид ека  очекува институциите брзо да се произнесат во однос на истрагата а сите оние кои го прекршиле законот, да ја добијат заслужената казна...

„Како министер силно ги осудувам сите обиди или дејствија, на поединци или групи кои преку дискрециони овластувања и начини на носење на одлуки во сопствена корист, направиле ненадоместива штета врз здравјето и животот на пациентите, граѓаните и државата. “

Екс министерот за здравство беким сали пак вели дека уште за време на неговиот мандат, било забележано зголемување на долгот кон добавувачите на лекот..Откако не добиле одговор како и на кои пациенти им се препишува конкретната терапија, побарана е ревизија на финансиското работење...

„Имавме забелешката во делот на менаџирањето со биолошката терапија од периодот кога беше внесена како иновативна терапија за онколошките пациенти. Клиниката почна да го зголемува долгот кон добавувачите на лекот и во неколку наврати побаравме да се изнајди решение и за тоа како и на кои пациенти им се препишува тој вид на терапија. Знаејќи дека овој вид на терапија се дава во 5 клиники, најголемите  финансиски проблеми  ги имавме на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Бидејќи не добивме никаквио решение од  медицинскиот директорот,  ние побаравме да се изврши  ревизија на работењето  во делот на финансиското  работење од страна на Фондот и за истиот период беше  побарано  оставка од медицинскиот директор. “

Претседателот на вмро дпмне, христијан мицковски, покрај кривична, бара и политичка одговорност, бидејќи, како што вели, најмалку 6 месеци не се постапувбало по случајот и се дозволило да се изгубат човечки животи..

„На министерствоито за внатрешни работи на оливер спасовски му требааше речиси 2 години откако оваа тема стана актуелна да отпиочне, внимавајте, предистрага, значи тука немаме ни истрага. “ 

„Зошто на некој му требаше 6 месеци да чека, за да отпочне предистрага, па сега треба да има истрага, прашањето е колку човечки животи во меѓувреме се загубени.“

Врз основа на судска наредба, вчера беа извршени претреси на Клиниката за онкологија и во две приватни стана.  Во тек е предизтрага а од докозите ќе зависи дали ќе с епокрене истрага.