Екрем Имамоглу победи во трката за градоначалник Истанбул
Foto

Екрем Имамоглу победи во трката за градоначалник Истанбул

Екрем Имамоглу победи во трката за градоначалник Истанбул. Според привичните неофицијални резултати, за кандидатот на републиканската народна партија, гласале околу 55 проценти или 4 милиони и 600 илјади жители на најголемиот турски град. Веднаш зад него е поранешниот премиер, бинали јилдирим со освоени 45 проценти од гласовите. За останатиете кандидати гласале само 0.8 проценти од гласачите.

„Упатувам благодарност до нашиот народ, и до моите сограѓани во Истанбул. Пред очите на целиот свет, вие ја заштитивте деморкатската репутација на Турција. Вие како народ ја заштитивте вековната демократска традиција. Ви благодарам мои сограѓани од Истанбул.“ - изјави Екрем Имамоглу.

Kандидатот на владеачката партија за правдата и развојот веќе го призна поразот и му честиташе на Имамоглу.

„Моментално води мојот противкандидат, Екрем Имамоглу. Упатувам честитки до него, и му посакувам успех. Изборите значат демократија. Овие избори уште еднаш покажаа дека демократијата во Турција функционира на најдобар и беспрекорен начин.“  изјави Бинали Јилдирим.

Во пресрет на изборите, жителите на истанбул беа со поделени мислења. За едни, Имамоглу е надеж дека работите наскоро ќе се променат, други пак сметаат дека е исправна политиката на владеачката партија предводена од Ердоган. За многумина, денешното гласање преставува тест за тоа како ќе се развива државата во иднина.

„Како жител на Турција и млад образовен човек, го подржувам имамоглу бидејќи верувам дека неговите проекти имаат за цел да ги решат вистинските проблеми со кои се соочуваме.“  изјави Дениз Чаликиран.

„Јас се соочував со многу проблеми во периодот кога оние кои носеа марама поради верски причини не им беше дозволено да се образуваат. 20 години подоцна успеав да се образувам и да станам наставник.  Тоа го дозволи АКП и нашиот претседател Ердоган.'  изјави Сема Акбас.

Локалните избори во Турција се одржаа кон крајот на март оваа година, но Врховната изборна комисија на државата на 6 мај донесе одлука со која ги поништи резултатите за градоначалник на Истанбул, и нареди повторување на изборите.

0 Коментари

Остави коментари