Економските аналитичари велат дека задолжување од една милијарда евра ќе мора од некаде да се плати

Да се засили борбата со сивата економија, да се размислува за воведување нови даноци и да се унапреди рационалноста во трошењето на јавните пари. Економските експерти ѝ порачуваат на новата влада да размисли како да најде дополнителен приход во буџетот, за да може да го врати кредитот од една милијарда евра, кој го најави идниот мандатар Христијан Мицкоски.