Економскиот раст од 3,2% е остварлив, добро е што Светска банка е конзервативна во проценките

Економскиот раст од 3,2 отсто е остварлив, и овие очекувања се темелат на реални факти – изјави вицепремерот Кочо Анѓушев откако светска банка објави помиска прокеција за раст во однос на владината. Според Кочо Анѓушев, добро е што Светска банка е конзервативна во проценките, но економијата во земјава давала позитивни сигнали во повеќе сектори, во индустријата, трговијата, земјоделството – па отука се очекува и раст на вкупната економија.