Економски мерки – популизам или реалност?
Ниту претходната ниту оваа Влада не разбраа дека мерки од типот на ограничување на маржи не дава ефект вели Менди Ќура, претседател на Комората на Северозападна Македонија. Според него, не треба да се оди во правец на непочитување на слободната пазарна економија и дека за формирање на цена постојат услови под кои бизнисот се раководи.
ОД ССК појаснуваат дека ваквите мерки можеби на краток рок и да имаат некаков ефект но не и на долг рок, потсетуваат дека трговците имаат огромни давачки кои дополнително се зголемуваат и при платежните активности со банките.
Од ССМ појаснуваат дека поучени од праксата со овој тип на мерки не допринесува кон стандардот на граѓаните. Потсетуваат дека постојано укажуваат дека работодавачите и Владата дека треба да ги покачат платите на работниците - бидејќи платите ја губат куповната моќ од друга страна производите секојдневно растат.
Премиерот Мицкоски вели дека со ограничувањето на маржата на 10 отсто во трговијата на мало и на големо очекува да има драстично намалување на цените на оние производи што ги користат граѓаните.
Ограничувањето на маржата ќе биде на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, но истата треба да се дополни со средства за хигиена како што се детергентите, и со бебешката храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа, а истите се дел од основните потреби на граѓаните.