Економски форум „По бурата: Управување со прехранбената и енергетската стабилност во Западниот Балкан
3,2 отсто од бруто домашниот проивод потроши земјава за субвенции за струја во текот на енергетската криза, објави деннеска невладината Фајнанс тинк, на Економскиот форум посветен на управување со прехранбената и со енергетската стабилност на Западен Балкан.
Првиот човек на Фајнанс тинк Благица Петрески нема податок дали и колку овој трошок влијаел на зголемување на сиромаштијата во земјава, иако откри дека слични мерки во Босна и Херцеговина ја пораснале сиромаштијата за 4 отсто.
Според Петрески, Макеоднија мора да прави итни реформи и во секторот енергетика, но и во производството на храна.
Дури 3,5 милијарди долари потрошиле земјите од Западен Балкан во пакет мерки за ублажување на енергетска криза. Тие трошат 50 отсто повеќе електрична енергија, за да произведат ист обем на БДП како земјите на Европската унија. Во исто време, земјите од регионот имаат три пати помала транзиција кон обвновливите извори на енергија. Затоа, потребни се многу поголеми инвестиции во тој сектор, сметаат експертите.
Сепак и богатите земји од Европската унија не останале имуни на кризата. Амбасадорката на Норвешка Кристин Мелсом призна дека и покрај тоа што е економски силна и има силен енергетски сектор, Норвешка ги почувствувала последиците од енергетската криза.