Економски експерти за 24 Тренд анализа: Потребна е поголема борба против невработеноста
Foto

Економски експерти за 24 Тренд анализа: Потребна е поголема борба против невработеноста

Кочо Анѓушев, вицепремер за економски прашања во денешното гостување во 24 Тренд анализа потенцираше дека вистината е во реалноста и дека со минималната плата не се штитат вработените.Тој е согласен дека треба да се бориме против невработеноста. Истакна дека мора да се подигне свеста на работодавците и да се оди со производи со поголема додадена вредност и да се зголеми продуктивноста. Не може да се развива економија со депресирани лични доходи кои, се резултат на неконкурентноста и непродуктивноста. Треба да се подигне свеста на стопанствениците, тие треба да сфатат дека ќе имаат иднина само ако се конкурентни. Тоа, според Анѓушев би се стварило со три елементи, купување на технологии, ангажирање на луѓе обучени за таа технологија и менаџмент кој е ја организира целата работа од продажба до купување и кој ќе биде едуциран за тоа.

„Со таа плата не може да се преживее. Со минималната плата се штитат луѓе кои немаат алтернатива. Тие нема да заминат, зошто немаат каде, немаат храброст и се уценети да работат за минимална плата. Нивните деца нема да ги задржиме, тие ќе си отидат. Тие луѓе ќе поминат со плата, а останатото го работат на црно. Мора да живееме во реалниот свет. Денес нема да најдете вработен за таа плата. Кој е тој што може да ги задржи вработените со минимална плата? Оваа мерка е за да ги заштитиме оние кои немаат алтернатива. Ова не е мерка за индустриските вработени.“ - рече Анѓушев.

Данела Арсовска претседателката на сојуз на Стопански комори рече дека платата треба да биде повисока со помош на механизами, но тие да не бидат вештачки наметнати.

„Ако не се согледа ситуацијата да се работи на целокупното опкружување, било кој граѓанин да го прааште дали сака плата од 12 500 денари, а негов колега да зема 14 000, ќе каже дека повеќе сака да биде на работа и лесно да заработува. Не се иселуваат само младите, туку имаме и проблем со владеење на правото.“ - рече Арсовска.

Арсовска потенцираше дека секоја година сме во изборни циклуси и тоа значи застој во стопанството, особено за оние компании кои сакаат да направат долгогодишни планови, а не се во можност, особено за идната година во поглед на капиталните инвестиции. Арсовска смета дека ваквата мерка негативно ќе се одрази врз семејните бизниси со по еден до пет вработени, како и кај самовработените кои се охрабриле со државна поддршка да отворат сопствен бизнис. Претседателката на ССК предочи и дека дефинираната плата од 14.500 денари нема да значи исто во Скопје и во некои од другите градови низ државата.

Професорката Никица Мојсоска Блажевски објасни дека идејата за минимиалната плата е дека треба да им се обезбеди и пристоен живот на вработените и да нема високи трошоци за работодавачите. Во однсо на продуктивноста додава дека има ниска обука на вработените лица. просекот во ЕУ е 10% Имаме обуки за преквалификации кои недоволно се посетуваат.

„Поважен е системот, каква е предвидливоста, како да ги планирате трошопците за наредниот период. Системот на индаксација го имаме или додаваме. Секоја година имаме ад хок решениеја и имаме критики дека користат како предизборен механизам. Клучно е било која влада да воспостави механмизам и да има предвидливост. Кога ќе ја зголемите основната плата, ќе се зголеми на сите нивоа, а тоа кај нас не се случи. Оваа алатка е борба против сиромаштијата, а сиромаштијата е кај невработените. Борбата треба да биде против невработеноста и да се обезбеди вработување“ - вели Мојсоска Блажевски.

0 Коментари

Остави коментари