ЕКОНОМСКИ ЕКСПЕРТИ: ПОВИСОКИТЕ ПЕНЗИИ ЌЕ ЈА НАРУШАТ СТАБИЛНОСТА НА ПИОМ
Foto

ЕКОНОМСКИ ЕКСПЕРТИ: ПОВИСОКИТЕ ПЕНЗИИ ЌЕ ЈА НАРУШАТ СТАБИЛНОСТА НА ПИОМ

Зголемувањето на пензиите за 700 денари што е поголемо од законското усогласување со инфлацијата повторно ќе ја наруши стабилноста на пензискиот фонд и, во крајна линија, ќе предизвика пораст на вкупниот буџетски дефицит. Со ваков став излегоа и Меѓународниот монетарен фонд но и домашните економисти кои ја критикуваат новата политика на Владата, која одлучи пред избори да го одврзе државното кесе и најави повисоки пензии и плати. ММФ ја потсети власта дека за подобрување на животниот стандард на граѓаните мора да има раст на економијата и структурни реформи. Според пресметките на Фајнанс тинк, минималната плата треба да расте, ако расте и продуктивноста. Во спротивно ќе повлече низа негативни работи. 

Може да има отпуштање, но и потенцијални пресии кон работниците, односно манипулација со нивните работнички права. Како што е работа во викенд, намалени денови од одмор.

Меѓународниот монетарен фонд смета дека замрзнувањето на прогресивниот данок, планираниот пораст на платитете и на пензиите ќе ги поткопа придобивките што досега беа направени во фискалните политики. За најголемата опозициска партија, власта со промената на законот до сега им скратила на пензионерите над 6000 денари. 

Власта ќе ги анализира заклучоците на ММФ, но не се загрижени. Со оглед на фактот што земјава нема аранжман со монетарците, власта нема обврска да ги прифати нивните критики и сугестии, туку тие за неа се само консултативни.

0 Коментари

Остави коментари