Економската криза ја намали посетеноста на Гевгелија со грчки државјани

Грчките државјани и понатаму се гости на Гевгелија но не во толкав број како што беа пред пандемијата со ковид 19.

Економската криза и поскапувањата во земјава го редуцираше нивниот број иако секојдневно по гевгелиските улици може да се видат грчки возила. Ги има по казината, маркетите но најмногу пред стоматолошките ординации . 

Стоматолошките ординации во Гевгелија тврдат дека и покрај зголемените цени на репорматирјалите и енергенсите, се трудат да ги задржат грците како пациенти. Доктор Томе Пиперавалиев вели пред пандемијата доаѓале и за ситни интервенции што сега не е случај

Дека помалку ги има грците велат и гевгелиските дуканџии, ресторани, бензински но не сакаа пред камера да зборуваат. Велат дека доаѓаат и оставаат пари во Гевгелија но заради кризата не во толкав обем.

Првиот човек на Гевгелија Андон Сарамандов вели дека повторно се чувстува раздвиженост со грчки гости. Тој е оптимист дека следните месеци почесто ќе доаѓаат оти цените во Гевгелија во споредба со Грција се пониски.

Заради местопоможбата речиси сите мали бизниси пред се услужните во Гевгелија зависаат од доаѓањето на грците. Но последните економски случувања на глобално ниво во голема мера има влијание на посетата на овој пограничен град.