Економска и енергетска криза

Eнергетската криза ќе се решава со апели за штедење на струја. Цената на огревното дрво кое стигна до 5.000 денари за кубик и на пелетите кои енормно поскапеа- со инспекции. Се уште не се знае ниту од каде и по која цена ќе задолжиме.

Владиниот економски тим, кој цел месец не се појави во јавноста без конкретни одговори што ќе преземат за граѓаните и компаниите да ја преживеат зимата која ќе биде најтешка до сега, а за која Европа уште пред неколку месеци на големо се подготвува. 

Не се знае ниту дали ќе се донесат мерки за стопирање на растот на цените на храната. Комуналните претпријатија пак кои побараа помош и најавија повисоки сметки за вода и ѓубрарина, добија друга адреса да се обратат ан општините.  

Министерот за финансии Бесими без конкретен одговор ниту колку, по која цена и од каде ќе се задолжиме за да ги покриеме буџетските дупки. Со ребалансот е најавено задолжување од над 900 милиони евра. Бесими не открива ниту колку пари ќе ни даде ММФ ниту по која камата. А не се открива ништо ниту за еврообврзницата чија камата сега е 7,5 до 8 проценти. Бесими само ветува-ќе се задолжиме поефтино, правеле стратегија. 

Додека владата уште размислува како да ја ублажиме кризата, Европа веќе го подготви кризниот план, таму ниту една зграда или деловен простор не смее да се загрева на повеќе од 19 степени, а климите смеат да ладат на најмалку 25 степени. Фабриките да ги намалат потребите од гас, да се префрлат на обновливи извори, исто како и домаќинствата. А има и антикризни мерки како и пари за помош на граѓаните.