Економистите очекуваат раст на инфлацијата поради можните нови рестрикции
Foto

Економистите очекуваат раст на инфлацијата поради можните нови рестрикции

Пандемијата со Ковид 19 повлекува инфлација и предизвика пораст на цените. Животот постепено станува поскап, а парите ја немата истата вредност како претходно.

Статистиката покажува дека храната лани во пандемиската година поскапела за 2,4% во однос 2019. Најголем скок има кај алкохолот и цигарите за 5,3%. Сметките за вода, електрика, домување се повисоки за 2%. Генерално, за една година трошоците за живот поскапеле за 2,3%.

Но, состојбата за брзо време нема да оди на подобро. Економистите очекуваат раст на инфлацијата поради можните нови рестрикции и нови ограничувања во синџирите на производство и снабдување, а со тоа и повисоки цени на храната, енергијата и на увезените добра, покажува новата анкетата на Народната банка спроведена во декември. Оваа година инфлацијата ќе биде 1,5%, а следната дури повисока 1,8%.

Не само што цените одат нагоре, туку се намалува грамажата на пакувањето, што исто така ги право производите поскапи. Чоколадите од 100 гр се намалија на 80гр. Прашакот за перење од 2кг стана 1,6кг.

Нафтата која е клучна во формирањето на цените, со почетокот на вакцинацијата, на светските берзи почна да расте. Но од Регулаторна уверуваат дека тоа кај нас нема да повлече инфлаторна спирала.

„Бензините се поевтини сега споредено со јануари 2020 година за пет денари, а додека дизелот е поевтин за 8 денари. Така што не очекувам дека ќе има некоја инфлаторна спирала имајќи предвид дека ние се уште го имаме нивото на цени кои што се пониски отколку што биле во јануари 2020г, а тогаш во тој период немаше никаква инфлаторна спирала.“ - изјави Марко Бислимоски, Регулаторна комисија.

И покрај нарушувања на цените поради пандемијата со Ковид-19, во земјата не постојат основи за трајна инфлација или дефлација. Од Народната банка велат дека нема закана. И според нивните очекувања инфлацијата годинава нема да биде повисока од 1,5%.

На ниво на Еврозоната во декември годишната стапка на инфлација се спушти на минус 0,3%. Но и таму цените на храната, цигарите и алкохолот постојано одат нагоре.

0 Коментари

Остави коментари