Еколошката безбедност мора да стане основа на националниот развој
Планетата земја се сооочува со се пораматични временски состојби како последица од климатските промени. Сите заедно и колективно треба да ја чуваме животната средина.
Еколошката безбедност е прашање на здравје, економија и иднина, животната средина мора да стане основа на националниот развој порача од централниот настан за одбележување на интернационалниот ден за заштита на животната средина ресорниот министир Изет Меџити.
Претседателот на ЗЕЛС пак Орце Ѓорѓиевски кој беше присутен на настанот порача дека целта е да депониските места преку акции за чистење и пошумување да прераснат во нови паркови и зелени површини, како и подигање на подигање на еколошката и правилна селекција на отпадот.
Претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Лесли Милер пак во своето обраќање вели дека организацијата ја подржува државата во унапредувањето на едукативните програми во образованието и вештините во поглед на климата и животната средина.
Во Македонскиот приватен сектор пак одредени фирми веќе работат имаат свои програми за селектирање на отпад и секундарни суровини вели претседателот на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад, Филип Иванов.
Жешки лета, сурови зими, обилни врнежи проследени со поплави се само дел од појавите со кои се соочува светот како последица на климатските промени. Светскиот ден на животната средина е Воспоставен од Генералното собрание на Обединетите нации во 1973 година, и е најголемиот меѓународен настан фокусиран на животната средина, координиран од Програмата на ОН за животна средина.