Екологистите со повторно барање - претседателката Силјановска Давкова да не ги потпишува измените на законот за урбанистичко планирање
Активистите од граѓанска иницијатива Зелен хуман град со јавен апел до претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова бараат да не ги потпишува според нив контроверзните измени на Законот за урбанистичко планирање со кои се отварал патот за уништување на плодно земјоделско земјиште.
Од таму со препорака дека на фотоволтаиците местото ин е пред се на крововите на јавните објекти кои што со таа енергија би ја користеле за свои потреби, следен чекор е потикнување на индивидуалните и колективни домувања, енергија која и те како би ги намалила режиските трошоци.
Кога државата ни е увозно зависна од храна се доведуваме во состојба да голема површина биде покриена со соларни панели, 70 % од земјоделските производи ни доаѓаат од надвор наспроти во минатото кога Македонија извезувала навистина квалитетни продукти, вели за тв 24 Марјан Калевски.
Од претседателскиот кабинет до емитување на прилогот не добивме одговор како би постапиле во однос на доставениот јавен апел.
Поентата со инвестициите во соларната енергија е да се има најмал негативен ефект врз животната средина, а со тоа и врз човечките животи, но поентата е и граѓаните на Македонија да се ослободат од енергетската сиромаштија и од енергетските монополи.
Со потпишување на указот за овие законски измени вие ќе го овозможите токму спротивното – односно продолжување на должничкото ропство на многу наши сограѓани, едноставна замена на еден монопол со друг! Пишува во јавниот апел од Зелен хуман град.

