Екологистите бараат ново координативно тело за препораките од УНЕСКО
Формирање ново координативно тело со сите засегнати страни кои со години си ја префрлаат одговорноста по однос на препораките на УНЕСКО за охридскиот регион предлагаат дел од екологистите.
За разлика од властите тие очекуваат лош извештај од УНЕСКО во февруари бидејќи сметаат дека освен уривањето на дел од дивоградбите, не е направено скоро ништо од барањата на УНЕСКО.