„Екоцентар 97“ го добила тендерот, бидејќи дал банкарска гаранција од 1 милион евра
Foto

„Екоцентар 97“ го добила тендерот, бидејќи дал банкарска гаранција од 1 милион евра

„Екоцентар 97“ го добила тендерот, бидејќи дал банкарска гаранција од 1 милион евра и договори со странски компании за изнесување на опасниот хемиски отпад, а на тендерот се пријавила уште една фирма која не ги исполнувала условите, вели во интервју за тв24 стечајниот управник Маринко Саздовски.

Освен винил хлоридот и линданот кои се веќе лоцирани, нема други резервоари или буриња со непознати опасни материи останати од ОХИС, се е попишано, уверува Саздовски.

„Екоцентар 97“ барал пролонгирање на рокот за да ги исполни обврските, бидејќи се уште бара решение за уништување на опасниот винил хлорид.

0 Коментари

Остави коментари